Што била вистинската тема на средбата на вицепремиерот Бојан Маричиќ и генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ на средбата со третиот ешалон на Самоопределување на Кутри во Приштина? Ова прашање стана интересно откако претходно премиерот Ковачевски ја осуди идејата за претставници на Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти да
учествуваат на изборите во Македонија по што ги испрати својот заменик во владата и генсекот на СДСМ во Приштина, пишува Експрес.
„Упатени извори во македонската албанска опозиција денеска брифираат дека СДСМ од Албин Курти барале Европското движење на Билал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити
да не кандидира свој кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори.
Според официјалното соопштение на СДСМ, двете делегации разговарале за партиска соработка но упатените извори тврдат дека Маричиќ и Зечевиќ од Самоопределување барале косовскиот премиер да изврши притисок врз Касами, Меџити и Гаши да се откажат од идејата за кандидат за претседател и да гласаат за заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ, потенцијално
актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Што ветиле ветиле за возврат од СДСМ е прашање за кое денеска се молчи од Приштина?
Колку се смета за сериозен партнер СДСМ во Приштина покажува кој бил во тимот што ги пречекал Маричиќ и Зечевиќ во седиштето на Самоопределување велат упатените
извори во албанската опозиција кои посочуваат дека кај домаќините не бил ниту еден влијателен член на владата на Косово нити некој вицепремиер на рангот на Маричиќ.
Изворите на Експрес.мк сепак не ја исклучуваат можноста на крајот во координација меѓу Тирана и Приштина, сепак Курти да изврши влијание врз Касами, Гаши и Меџити да не кандидираат свој кандидат за претседател.
Според анализите на СДСМ единствена шанса за чесен пораз иако и таа е минимална, е на претседателските избори за кандидатот на СДСМ и ДУИ покрај овие партии е да
гласаат сите партии на Албанците.
СДСМ заедно со сите албански политички партии за својот кандидат во првиот круг од претседателските избори може да собере максимум околу 280 илјади гласови што ќе биде чесен пораз од околу 70 илјади гласа.
Во спротивно доколку СДСМ и ДУИ сами кандидираат свој кандидат на пример Пендаровски тогаш тој според анкетите нема шанси да добие повеќе од 170 до 200 илјади гласови што би било најмалку 150 илјади гласови помалку од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој според истражувањата уште во првиот круг ќе дојде до 350 илјади гласови во зависност од кандидатот“, пишува Експрес.