Која е причината за затворање на старата и ненавремено отворање на новата депонија во Гевгелија?

Изминатиот период Гевгелија помина низ една еколошка катастрофа од која последиците се очигледни и се на товар на сите нас. Во оваа ситуација локалната самоуправа беше само нем набљудувач без конкретни мерки за надминување на овој проблем, со што наиде на големи критики од повеќе општествени организации во Гевгелија. Градската депонија гореше цел месец и го загадуваше воздухот во Гевгелија долго време заради неспособноста на градоначалникот Сашо Поцков.

Визијата на Поцков за „Зелена Гевгелија  се претвори во ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА предизвикана од несериозниот пристап на работата на оваа локална власт. Револтираните граѓани на Гевгелија не го знаат одговорот зошто сѐ уште не е ставена во функција новата депонија кај селото Ново Конско? Проект кој Поцков го наследи со преземањето на локалната власт пред 3,5 години, во кој удел имаа УНДП и општина Гевгелија.

Гевгеличани требаше да бидат сведоци на отварањето на нова времена депонија уште во јуни 2020 година, датум за кој Поцков во изјава за „Канал 5“ вети дека гевгеличани најпосле ќе ја добијат новата депонија. За жал при последната контрола од страна претставници од на УНДП констатирани се голем број недостатоци во новата депонија заради неспособноста на оваа локална власт.

После 3,5 години сѐ уште не е издадена Б-Интегрирана дозвола, која според ЗЖС треба да овозможи отпочнување со работа на времената депонија со неопасен отпад. После 3,5 години сѐ уште на новата времена депонија нема вода и струја, иако општината набавила фотоволтаични системи кои гевгеличани ќе ги чинат 907.741 денар или 15.000 евра.

На лице место на новата депонија констатирано е дека геотекстилната мембрана која служи за заштита од загадување на неколку места е искината затоа што 3,5 години експертите функционери заборавиле истата да ја заштитат со речна песок. Зошто никаде ја нема речната песок, за која во системот за јавни набавки јасно се гледа договорот кој е склучен на 23.12.2020 и чини 236.000 денари?

Таа речна песок требаше денес да биде врз геотекстилната мембрана на новата депонија и да служи за нејзина заштита, за жал денес на новата депонија таа мембрана е искината, а речната песок ја нема. Исто така, битен е и моментот во кој Поцков вети затворање и ревитализација на старта депонија. Министерството за животна средина на почетокот на годината распиша меѓународен тендер за ревитализација на старата депонија кај Сува Река. Станува збор за неискористените 420.000 евра од средствата со кои Грчката влада учествуваше во изградбата на прочистителната станица.

Со постигнатиот трилатерален договор меѓу швајцарската, грчката и македонската влада за реализација на овој проект беше договорена и ревитализација на старата депонија. Со проектот за ревитализација на депонијата се предвидува изградба на уште еден заштитен зид крај Сува Река, дислокација на отпадот во новата Времена депонија и третман на целата локација. Предвидено е локацијата на досегашната депонија да биде уредена во зелена површина. Истовремено, на дел од локацијата при досегашните договори околу реализацијата на проектот беше предвидена можност за уредување на простор за рециклирање на отпдаот.

Со ревитализација на Старата депонија се создаваат услови за профункционирање на Времената депонија за комунален отпад кај Ново Конско. На 4-ти јуни годинава беше објавено дека бугарска фирма од Софија е избрана како најповолен понудувач за реализација на проектот за затворање на дивата депонија кај Сува река во Гевгелија, за што веќе е потпишан и договор со ЈПКД „Комуналец” од Гевгелија. Беше најавено дека наредниве денови ќе стартуваат и работите за отстранување на депонираниот комунален отпад со воведување на изведувачот во проектните активности. За жал сомнежот меѓу гевгеличани расте, бидејќи редоследот за затварање на старата и отварање на новата депонија е измешан.

Целата хронологија на настани е некако сомнителна, од страна на Поцков постојано беше ветувано конкретни периоди во кои требаше да започнат изведбените работи во однос на овие проекти но, сите тие датуми беа промашени и во реалност не се случува ништо. Дали Поцков прави притисок кон јавноста и институциите се со цел да го оддржува својот рејтинг за претстојните локални избори  сѐ уште е непознато, но голема е веројатноста за тоа. Дали тоа е вистина или не, во овој момент можеби е и најмалку битно, бидејќи последиците од целосната не реализација на овие проекти, директно допре до граѓаните на Гевгелија што од аспект на нормален живот,што од здравствен аспект. После сѐ,  ова прераснува во една голема низа прашалници за тоа кој ќе сноси одговорност за непочитување на ветените датуми за реализација? Уште колку ќе се чека за почеток на ревитализација на старата депонија и конечно решавање со еколошката катастрофа настаната од таа депонија?

Како новата депонија ќе функционира после ревитализацијата на старата депонија, покрај нејзиното оштетување и искинатата геотекстилна мембрана? Значи ќе се отпочне со затварање на старата депонија, а новата депонија не може да биде ставена во функција заради несериозноста и неспособноста на Поцков.

Многу прашања остануваат неразјаснети иако Поцков требаше многу попрецизно во јавноста да образложи која е неговата стратегија после целата оваа настаната еколошка катастрофа во Гевгелија. Голема е веројатноста уште долго да се чека во реалност на местото на старата депонија да израсне уредена зелена површина и на новата локација функционална и средена нова депонија.