Коњановски: Гарантираме формирање кризен центар за деца и жени – жртви на семејно насилство и воспоставување СОС телефон за жртви од насилство!

Гарантираме дека социјалната заштита ќе ја организираме според применети практики и искуства од европските градови, а социјалните услуги ќе ги моделираме според егзистенцијалните потреби на секој поединец. Гарантираме воспоставување социјално покровителство – патронажа која ќе им доставува услуги на возрасните наши сограѓани во нивните домови, заедно и во силно партнерство со граѓанските организации. Гарантираме формирање Центар за работа со деца со попреченост. Гарантираме Формирање кризен центар за деца и жени – жртви на семејно насилство и воспоставување СОС телефон за жртви од насилство, истакна Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

-На Битола и е неопходна и програма „Асистенти за независен живот“, помош за сите на кои им е потребна.

Гарантираме субвенционирање при вработувањето жени од ризични и социјално ранливи категории, обезбедување услови за нормален живот, а новата локална самоуправа ќе биде вистинска поддршка за оваа категорија наши сограѓанки. Тоа им го должиме и мора да им помогнеме.

Гарантираме обука за негователки на лица во домашни услови и сакаме да напоменеме дека даваме цврста гаранција, дека посебно внимание ќе обрнеме во вклучувањето во обуките на самохраните мајки.

И на крајот, гарантираме дека конечно ќе го ставиме во функција Економско – социјалниот совет, кој ќе биде наш вистински партнер во менувањето на социјалната структура во општина Битола, додава Коњановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.