Коњановски го доби уверението за нов градоначалник на Општина Битола

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Тони Коњановски, денеска од општинската изборна комисија го доби уверението за градоначалник на Битола.

Коњановски на изборите победи во вториот круг со освоени 24.708 гласови, пред неговиот противкандидат Христо Кондовски, кој освои 21.978 гласови, или 2.730 помалку гласови.

Официјалното предавање на градоначалничката функција е закажано за утре во 11 часот пред општината Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.