Во Општина Битола во понеделникот се одржа конститутивната седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, на која присуствуваа градоначалниците од деветте општини од регионот, како и претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
На седницата, за претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, едногласно беше избран, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
На седницата беше донесена Одлука за распишување на Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – претставник од Здруженијата, како и Одлука за отпочнување на постапка за избор на претставник од бизнис заедницата за член во Совет за развој на Пелагонискиот плански регион.