Кој е невин нека прв објави снимка!

„Технологијата всушност може да ја зголеми приватноста. Прашањето е… Зошто нашите приватни работи што се пренесуваат преку Интернет, или зошто нашите приватни детали што се зачувани на нашите лични уреди, да се нешто поразлично од деталите за приватната евиденција од нашите животи? Тие се чуваат во нашите приватни дневници. Тоа што не ти е грижа за правото на приватност, затоа што немаш што да криеш, не е различно од тоа да кажеш дека не ти е грижа за слободата на говорот затоа што немаш што да кажеш. Тоа е длабоко антисоцијален принцип! Бидејќи правата не се само индивидуални, тие се колективни! И она што можеби денес нема вредност и значење за тебе, може да има огромно значење за цела популација, за сите луѓе и начинот на живот во иднина. И ако сега, вие не се заложите за тоа, тогаш кој? – Едвард Снуден во Егзитна Жан Мишел Жар-Електроника 2

Сите невини – ко гоблен!

Ако одиме во светски рамки, првата голема афера со прислушкувани разговори беше „Вотергејт“ по која и Никсон падна. Но, после тоа падна целата маска на демократијата, дека правдата, законот и вољата на народот има било какво значење во она што и како се обликува светот денес. Кај нас тоа дојде со пафтањето со  листови на вашата омилена леџенда, Бранко Црвенковски, човек опериран од било каква визија за економија и развој, но голем курназлак и мангуп од невидени размери и така стана нумеро уно. Бране мафташе со транскрипти од тајно снимените разговори уште таму некаде 2001. После деценија и пол – истото. Врмовците ептен доцна почнаа да вадат гурилки и се свестија дека денес поинаку не може, па еве, сега и они вадат снимки компромитирачки за другата страна. А, што да очекуваме? ММЕ кој прв почна? А, што е важно? Не може повеќе да се „пресече“ овој пад и ќе биде уште полошо.

Што ова ќе донесе?

Ако едната страна сруши власт со компромитирачки снимки, легитимно е и нема љутиш кога и другата ќе го прави истото. Секако, се глуми демократско лудило од секој и од сите, само факт останува, не беше законски ниту едното, а ни другото, а третото ќе биде најлошо. Чекајте, допрва ќе видите. Ако и се согласиме дека „режим“ морал да се бутне со сите средства, што праиме кога тоа ќе се омасови и секој се прогласи за праведник со најдобри намери? Кој ќе каже дека е доблесен и смее, а кој не, бидеејќи нели, ги сјебевме сите институции. Мислите дека некој закон едни ќе ги опрвада и благосиља, а за другите пу-пу не се важи? Можеби на кратко но I have a bad filing about this.

Направивме тежок преседан и сега на сите ни се лупа од глава. Но, ај еве и да речеме дека целта ги оправдува средствата, дали тоа донесе или ќе донесе некаков баланс меѓу народот? Дали се доби некаково чувство  на општонародно, меѓунационално општествено, помирување, хармонија меѓу луѓето? Подобрување на состојбата? Да? Не? Лошо е… и ќе биде уште полошо, за жал, а вие сите, кои се ситевте и хистеришевте за правда до пред некој година и вие денес кои едноставно го прифативте новиот начин за политичка борба, спремни ли  сте да ги жрвтвувате ваши лични интимни мигови од вашиот живот? Животог и интимата на вашите најблиски? Вие, кои како воајери се ситите и викате око за око… дали сте спремни утре кога „живо ќе го oдeрат“ вашето дете и лажно или праведно ќе го компромитираат со интимни снимки? Ако некој тинкал пред камера за свои потреби, кој си ти да делиш морал и етика? Твојата неморалност да ѕиркаш у туѓа интима е поголем грев, ама го правите оти така се покажува раската, за да не ја видат твојата греда во окото – перверзно. Не е оправдание само за политика, за било кој сегмент во животот, затоа што сте краткогледи како си го уништувате животот на идните генерации кои ќе бидат неспособни за било што оти секогаш некој деген ќе се најде да снима, прислушкува и уценува. Ќе наебете сите, ама до еден, ви гарантирам! До тогаш, секој си има право, и ич да не ви чуе за закон ово или оно, интернетот ви овозможува најтајно да објавувате снимки од криминал, кога законот е глув и слеп, затоа што сме војаери, умислени дека сме праведни, а далеку сме било кој од тоа.

Гордијевиот јазол

Само некој Александар со меч да пресече, ама меч на простување, љубов и комплетно ресетирање, општа прочка и одење понатаму. Затоа што денес никој не му верува никому, дури и кога вади очибијни докази за нелегални дејствија. Господ нека ни е напомош, и нека ни прати некој миротворец оти амбисот веќе ѕирка кон нас! Само еден политичар, срамежливо, спомена за општо помирување како единствен излез од кризава – Николоски. Дали може да дојде до такво нешто? Сакам да верувам дека може!

Јуриш!

Дотогаш „туцајте – ја и сада држим час“, овај, пуштајте снимки дури држам прес, рекла Јатица Канева оцркалена на троседот, лапајќи чоколадни бомбони, и со касетофорн кој се клати на мешето, преслушуе снимки. Ајмо, пуштајте све што имате, друго нема! Пали не жали-реди-не штеди! Вадите сите снимките, нема милост, „напред прислушовари, преко јутјуб до слободе!!! Тко преживи – причаче!“/

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.