Кој лаже? Кумот или кумашинот? Имало ли средба на Зекири со раководството?

По објавата денеска дека Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19 се отвори прашањето дали потпретседателот на СДСМ имал средба со најтесното раководството на партијата вклучително и претседателот Зоран Заев, бидејќи тоа би значело дека сите присутни на состанокот ќе мора да заминат во 14-дневна самоизолација.

При гостувањето во дебатната емисија на ТВ 24 самиот Зекири изјави дека пристигнал во телевизијата од средба со најтесното партиското раководство на партијата СДСМ.

Додека се уште трае молк во седиштето на СДСМ дали присутните на состанокот ќе одат во самоизолација, во изјава за Економски Лидер претседателот на партијата Зоран Заев тврди дека тој во последните 20 дена немал контакт со потпретседателот на партијата Зекири.

– Состаноците се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција. Доколку постои одлука или задолжение од некоја надлежна институција за самоизолација, или пак други мерки кои здравствените власти оценат дека треба да се преземат, СДСМ ќе ја информира јавноста, изјави Заев за Економски Лидер.

Логично се поставува прашањето кој лаже? Заев дека не присуствувал на средбата помеѓу најтесното партиско раководство или пак дека до таков состанок за кој Зекири тврди дека присуствувал воопшто не ни се случил.