„Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13 кој на суд кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заев?!

Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заев?!, ова денеска преку прес-конференција го прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина?! За преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите! Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава. Ова е директна закана за убиство. Ова е кривично дело и ги повикуваме институциите веднаш да реагираат. Го повикуваме ЈО веднаш да постапи согласно своите надлежности и да ги открие заканувачите. Зошто и покрај ваквите закани по неговиот живот и животот на неговиот адвокат продолжувањето на исказот на Боки 13 е закажан за 03.07.2020 година, а не во разумен рок.
Зошто се остава толку простор помеѓу првиот и вториот исказ и дали со тоа не се остава простор за можно влијание врз Боки 13 и неговиот втор исказ?! Животот на Боки 13, единствениот човек кој беше главен извршител во случајот Рекет, кој само пред неколку дена од суд кажа каде завршиле парите од истиот тој Рекет е загрозен, а со тоа се загрозува и целата постапка, но и е ставена во опасност вистината, вели Стоилковски.

Тој додава дека ова е грдата слика за мафијашкото милје во земјава на чие чело се наоѓа врхушката на власт. На криминалот мора да му се стави крај. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.