6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Кој не носи маска, копа гробови за починатите од корона

Жителите на Индонезија кои одбиваат да носат заштитни маски за време на пандемијата се казнети со копање гробови за оние кои починале од вирусот во провинцијата Источна Јава.

„Во моментов, имаме на располагање само тројца копачи на гробови, затоа решивме да ги ангажираме оние што одбиваат да носат маски“, рече еден од локалните политичари, цитиран од Џакарта Пост.

Казнетите луѓе не доаѓаат во контакт со мртвите, туку работат само на копање и подготвување гробови, а здравствените работници во заштитни одела ги спуштаат мртвите.

Индонезија донесе закон во април со кој е задолжително носењето маски, а правилата подоцна беа заострени бидејќи Источна Јава забележа голем скок на заразените во јули, кога е откриено дека 70 проценти од луѓето не носат маски.

Индонезија досега има повеќе од 220.000 случаи на инфекција и скоро 9.000 смртни случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.