Кој повеќе се плаши од сиромаштија, жените или мажите?

40

За жените кои живеат во сиромаштија, веројатноста да ги фати паника е над 60% поголема отколку кај оние кои живеат во побогати области.

Научниците од Универзитетот Кембриџ открија дека сиромаштијата предизвикува повеќе загриженост кај жените отколку кај мажите, објави „Индипендент”.

Нивоата на анксиозност кај мажите речиси  и да не зависат од местото каде живеат и материјалната состојба.

Истражувањето беше спроведено во периодот од 1993-2000 година меѓу 21.000 луѓе кои живеат околу Норвич во источна Англија.

Учесниците беа на возраст над 40 години.

Експертите открија дека една од секои 40 жени и еден на секои 55 мажи страдаат од анксиозно растројство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.