Ова , пред сѐ и над сѐ го допира секој човек со тоа што ТАА не полага сметка ниту на еден начин, веќе осветен со човечка употреба. Со оваа неартикулисана состојба ТАА прави колективен, беспримерен споменик на глупоста. Неостварлива тајна е ТАА што мисли, што чувствува, што сака да мисли да каже. Ова е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, кој знае колкупати по толку. Вистини има колку што има и луѓе. И живи и мртви, се вели во реакцијата на неформалната Коалиција Менуваме во врска со најавените реформи во образованието.
Следува целосното обраќање на Коалицијата Менуваме преку медиумите до министерката за образование и наука Мила Царовска во врска со најавеното воведување на сексуалното образование во второто одделение од основното образование, односно за деца од шестгодишна возраст.
„Нејзиното најголемото достигнување е да биде она во светот кој константно се обидува од нас да направи она што не сме. За многумина, особено за НЕА, животот е како лошото време, застануваат и чекаат да помине. Но, во животот сѐ се пробува, се сака, се губи, се греши, се повредува, се тагува, се верува, се плаче, се смее, се пее… така се учат лекциите.
Постојат само два дена во годината кога не можеш ништо да сториш. Едниот се вика вчера а другиот утре. Денес е правиот ден да сакаш, да веруваш и да живееш. Вчера бев паметен, сакав да го сменам светот. Денес сум мудар, се менувам себеси. Слушај го својот внатрешен глас, г-ѓо Царовска, слушај ја својата душа. Премногу луѓе сте што ја слушате бучавата во светот, наместо да се слушате себеси.
Би сакале, т.е. се обидуваме како Коалиција МЕНУВАМЕ да Ви срочиме еден урок на тема: Како да се справуваме со сексуалноста? Намената или уште подобро намерата ни е да го прочитате, да го научите и да се слушнете себеси, па потоа кажете што сакате да кажете. Елем, вака стојат работите:
Нема ништо спорно, се однесува на фактот дека хормоните ја киднапирале Вашата интелигенција. Додека сте биле дете, не Ви било важно какви репродуктивни органи има некој, тоа ништо не Ви значело. А кога хормоните почнале да делуваат во вас, вие повеќе не сте можете да размислувате за светот надвор од тоа. Целата Ваша инетелигенција ја украле тие хормони. И, гледате, кога во одредено животно доба тоа делување на хормоните ќе ослабува, повторно тоа не Ви е битно и кога ќе се свртите зад себе, не можете да поверувате дека сето тоа сте го правеле.
Телото знае само за две работи: за преживување и за размножување. Знае ли вашето тело нешто друго? Затоа, ако тргнете по патот на телото, ќе имате и некои уживања, не дека нема да ги има. Нема ништо погрешно во телото, само е ограничено и тоа е сѐ. Не е погрешно да сте ограничени, но тоа не она крајното и најголемото, тоа е сѐ. Но, дали е злочин да се биде ограничен?
Ако се обидувате ограниченото да го направите неограничено, ќе страдате, ќе патите, нема друг начин. Телесните тенденции се многу ограничени. Ако се обидувате од нив да направите сѐ, ќе страдате како никој. И не е битно што правите, но доколку сте искрени кон себе, во својот живот ќе видите дека и понатаму живеете со неисполнет живот. Нема ништо погрешно во телото и нема ништо погрешно во навиката на телото, но тоа е многу ограничено. И има мала улога во вашиот живот. Ако се обидувате да ја проширите на целиот свој живот, ќе патите затоа што се обидувате да создадете лага, бидејќи животната вистина е дека телото треба да има само таа мала улога. Сега, вие се обидувате да му дадете главна улога и неминовно ќе навлечете страдање на себе. Животот има свои начини да Ве свитка, да Ве скрши и сомеле.
Значи нема ништо погрешно во вашите хормони, ама тоа е компулсивно, принудно и кога водите компулсивен живот, тоа е животот на РОБ! А, тоа не го сакате, сигурно!!! Но, кога ќе станете РОБ, лицето ќе ви биде безлично, сакале вие или не. Во детството лицето Ви било весело, насмеано, но во текот на животот со појава на различни видови на принуди и не знаејќи да се слушате себеси, го обезличувате своето лице.
И, сега , повелете, сексуалноста и сексуалното воспитување на Вашето 9-годишно детенце и на останатите деца во Република Македонија донесете им ја многу порано од природниот, биолошкиот период на добивање пубертет“.