Коалиција на Египќани: Очекуваме еврокомесарот Вархеји да има ист пристап и кон македонските Египќани, како што има кон македонските Бугари

Египќаните од Македонија се посебна, автентична и автохтона етничка заедница во Македонија, која е лојална на државата и има многу поголеми нерешени проблеми во смисол на соодветна и правична застапеност, интеграција во институциите на системот, катадневна институционална борба за излегување од маргиначната позиционираност во општеството, борба за рамноправнбост и еднаквост, почитување на основните човекови права и слободи, објави во средата лидерот лидерот на НГИ Коалиција на Египќани Демир Далип.

„За ваквата состојба на Египќаните во Македонија се информирани највлијателните Амбасади во државата, мисијата на ОБСЕ како и последно заминик-Амбасадорот на Мисијата на ЕУ, н.е. Џулијано Васало, на средбата одржана во Скопје. Во принцип, ги подржуваме „европските вредности“, но исто така бараме рамноправен и еднаков третман од страна на Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, а се со цел да укажеме непосредно со какви потешкотии се соочуваат Египканите од Македонија. Веруваме, дека со заеднички сили и еднаков третман и на помалите заедници во Македонија, ке се придвижат демократските интеграциони процеси, без притоа да се ,,фаворизира принципот на нужна промена на највисокиот правен акт, особено во околности кои не се објективно олеснувачки“, истакна Далип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.