10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива негира дека преговора за учество во влада

Сакаме да ја известиме јавноста дека не е одржана ниту една официјална средба и ниту друга средба на тема за учество во новата влада и нема да преговараме пред легалниот, но нелегитимен победник на изборите, во албанскиот камп, односно ДУИ, да го исцрпи правото за да биде дел од идната влада, соопштија во петокот од коалицијата Алијанса за Албанците/ Алтернатива.

Коалицијата препознавана по кратенката АА/А, во изјавата истакнува дека јавноста треба да знае дека завршило времето кога Албанците „се туркаа пред вратата на владата кој прв ќе влезе во неа, кој повеќе ќе попушти во пазарот“.

„Иако ние сме легитимни победници на изборите на 15-ти јули во албанскиот политички кампус, ние нема да влеземе во преговори сѐ додека ДУИ не го исполни предизборното ветување премиер да биде Насер Зибери“, истакнува коалицијата.

Повторуваат дека доколку во парламентот биде поставен предлогот Насер Зибери да биде премиер на идната влада, коалицијата со своите 12 пратеници ќе гласа за предлогот.

„Меѓутоа, доколку ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партиа нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција“, порачуваат од Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Покрај тоа велат дека „позитивно одговориле“ на минатонеделната покана од лдиерот на ДУИ, Али Ахмети за одржување своевидна тркалезна маса на парламентарните партии на Албанците во Македонија, и покрај „ неоснованите и навредливите зборови“ од членикот на „интегративците“ кон двете партии.

„Сакаме да соопштиме дека ние на 07.08.2020 година, ја примивме поканата за учество и на 10.08.2020 година, на истата позитивно сме одговориле, барајќи истата да се одложи за неколку дена и да се одреди дневниот ред на средбата. Но наместо пролонгирање на датумот, тие што не поканеа ни одговориа истиот ден, после нашето писмо, одредувајќи го дневниот ред, но без пролонгирање на датумот на средбата. Од таква наметнета позиција, нас ни се одзема можноста да учествуваме на таа средба, и подтекстот на ова покана било ние да не учествуваме и средбата да не се одржи. Како и да е, без оглед на ова ние посакуваме Тркалезната маса на парламентарните албански партии да продолжи, како инструмент за координација на албанските ставови во Република Македонија, и во иднина да се надминат ови пречки“, се додава во соопштението.

На крајот коалицијата „кусо и јасно“ му порачува на ДУИ „Или Насер Зибери премиер, или одете во опозиција“.