Коалицијата „Менуваме“ од МТСП бара полигони за децата со оштетен вид

Коалицијата „Менуваме“ бара од Министерството за труд и социјална политика и од Владата да обезбедат Регионални центри за рехабилитација на деца и лица со попреченост и полигони за децата и лицата со оштетен вид.

Од „Менуваме“ даваат предлог како треба тие полигони да изгледаат.

-Потребен е Центар за интеграција и самостоен живот на деца и лица со оштетен вид. Полигонот е составен од 12 модели-справи. Сите заедно ќе овозможат правилен антрополошки развој на учениците, јакнењето на мускулите на целото тело. Целта на програмата е правилно развивање на координацијата на движењата, побрз плиометриски ефект помеѓу контракциите на мускулите, слободно движење во гестуалниот простор, ефектуирање на агилноста врз самодовербата, повисоко ниво на концентрација, корелација со ориентацијата и мобилноста во просторот и се заедно подобрување на општата здравствена состојба на учениците – велат од Коалицијата „Менуваме“.

Од Коалицијата додаваат дека е потребно да има посебно проектираната атлетска патека со три патеки.

-Црвената, т.е. онаа до оградата е предвидена за тотално слепите – Б1 лица коишто ќе имаат помош од оградата и која што во текот на трчањето ќе можат да ја допираат поради држење на правецот во текот на трчањето. Жолтата, т.е. средната стаза е за практично слепите – Б2, оние кои што имаат мал остаток на вид и жолтата боја е одличен ориентир за нив. Во сината, т.е. третата патека ќе трчаат слабовидните ученици – Б3 коишто имаа подобар остаток на вид – велат од Коалицијата.

Според нив, на моделите ќе се развива координацијата раце – долен дел на телото со движење со нозете над подлогата. Нагласуваат дека така се јакнат рацете и раменскиот појас и се подигнува нивото на самодоверба.

-Во прв план се прикажани клупите за седењe кои ќе имаат и настрешница. Мрежа од јажиња. Се јакнат мускулите на горниот дел на телото, се подобрува координацијата на движењата, се јакне вољата. Вратила на три нивоа. Спрема висината на учениците. Се прават мускулни активности за јакнење на раменскиотпојас и горниот дел на стомакот. Се подобрува самостојноста и самодовербата на учениците. Јамата за скок во далечина ќе се користи за тренинг наученици кои ќе учествуваат на Државното првенсво во атлетика кое што се организира секоја година од страна на Националниот Сојуз на Слепи. Сегментот ќе се користи за фрлање на ѓуле, диск и копје во рамките на подготовка за учество на Државното првенсво во атлетика кое што се организира секоја година од страна на Националниот Сојуз на Слепи – се вели во соопштението од Коалицијата „Менуваме“.

Тие во предлогот прикажуваат модели кои се распоредени според нивната функционалност и дозволуваат метод на станици при изведба на предвидените активности.

Нагласуваат дека секој модел засебно има своја единствена и функционална искористеност и дека во сите модели се применуваат и елементи од ориентацијата и мобилноста во просторот.