Коалицијата предводена од Ријад за Рамазан ги прекинува воените операции во Јемен

Сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабика, којашто се бори против борците на шиитската заедница Хути и нивните сојузници во соседен Јемен, објави во средата дека ќе ги запре воените операции, откако Обединетите нации повикаа на примирје во текот на светиот муслимански месец Рамазан.

Обединетите нации со сунитската коалиција и Хутите кои се поддржани од Иран кои меѓусебно војуваат од 2015 година, работеа на постигнување мировен договор и спогодби за ублажување на хуманитарната криза во оваа осиромашена земја.

Примирјето е најзначајниот чекор во мировните напори во последните три години, додека меѓународната заедница се обидува да го запре седумгодишниот судир во кој загинаа десетици илјади луѓе, а милиони се втурнати на работ од глад.

„Командатата на заедничките сили објавива дека ги прекинува воените операции во Јемен до средата во шест часот утрото“, пренесе саудиската новинска агенција SPA соопштението на портпаролот на коалицијата, мајорот Турки ал-Малки.

Оваа одлука следеше во екот на меѓународните напори да се стави крај на јеменската криза и да се постигне сеопфатно политички решение, се наведува во информацијата на SPA. Рамазан почнува овој викенд.

ОН во својот предлог повикува на прекин на огнот во текот на Рамазан во замена за тоа на бродовите да им се овозможи влез во пристаништето Ходеида кое е под контрола на Хутите и на помал број комерцијални авиони за користење на аеродромот во Саана, соопштиле упатен извори.

Аеродромот во Саана е затворен од 2015 година, кога главниот град го зазедоа силите на Хутите и делови од јеменската сила кои во 2014 година ја преземаа од силите на владата на Абд-Раби Мансур Хади. Сунитската коалиција го контролира Јеменското Море и воздушниот простор.