Коалициите на СДСМ траат само неколку часа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Партијата СДСМ и нејзините коалиции траат само неколку часа сè додека тие самите не се демантираат, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„СДСМ веќе неколку дена излегува со информација дека има парламентарно мнозинство и дека ќе прави влада, а потоа самите се демантираат. СДСМ е пишманска партија или сега имаме т.н. пишманска СДСМ. СДСМ треба да излезе и јавно да каже дали има мнозинство во Собранието и дали ќе прави влада. Доколку не го направи тоа, значи дека тие ова што го прават е манипулирање со граѓаните. СДСМ ако сака да прави влада треба да се однесува транспарентно“, наведено е во соопштението.