Коалиција Маргини: Предлог законот за основно образование нема јасни одредби за децата со попреченост

Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува заложбата на Министерството за образование и наука за надминување на сегрегацијата на учениците со попреченост преку нивно вклучување во редовното образование. „Потсетуваме дека посебните училишта претставуваат сегрегација, како форма на дискриминација која е забранета и со Законот за спречување и заштита од дискриминација. Сепак, би сакале да укажеме дека Предлог-законот за основно образование има сериозни недостатоци од аспект на гаранциите за вклучување на учениците со попреченост во редовниот образовен процес и начинот на кој тоа ќе се спроведе“, посочуваат од Маргини.

„Зконот е донесен на нетранспарентен и неинклузивен начин. Министерството ги игнорираше барањата и сугестиите на граѓанските организации во однос на заштита од насилство, дискриминација и инклузија на децата со попреченост. Нема јасна одредба со која се предвидува дека децата со попреченост ќе се запишуваат во редовните училишта, па оттука, се остава простор оваа заложба да не се спроведе или пак, да се спроведува делумно. Неопходна е јасна и недвосмислена законска гаранција која ќе овозможи правна сигурност и конкретна заложба за надминување на сегрегацијата на учениците со попреченост…

Дополнително, Предлог-законот предвидува законска можност часот да трае пократко за децата со попреченост, доколку тоа е предвидено со индивидуалниот образовен план. Во одредени ситуации, може да биде оправдано пократкото траење на часот, но ова прашање не треба да се уреди со закон и да се третира како правило, наместо исклучок. Потребата за инклузија на децата со попреченост во редовното образование не се теме..Апелираме до Собранието да спроведе транспарентен и инклузивен процес на носење на Законот преку организирање јавна расправа, да ги земе предвид забелешките на сите заинтересирани страни и да го унапреди ова законско решение преку амандмани.

Бараме Министерството за образование и наука да го испланира соодветно процесот на инклузија со вклучување на сите засегнати страни, да обрне должно внимание на обезбедувањето на технички и човечки капацитети за да се овозможат услови за успешна инклузија преку инвестирање во образованието. Воедно апелираме до сите заинтересирани страни наместо да се противат на инклузијата, да ги искористат своите капацитети за унапредување на процесот“, велат од Маргини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.