Коалицијата на САД признава дека убила 1.300 цивили во Сирија и Ирак

Коалицијата предводена од САД против џихадистичката Исламска држава, објави дека од 2014 година ненамерно убила повеќе од 1.300 цивили во Ирак и во Сирија, пренесува во петокот британската мрежа BBC.

Набљудувачката невладина група Airwars, чиешто седиште е во Велика Британија, која ги истражува наводите за цивилните жртви во кризните жаришта, пак, наведува таа бројка е многи поголема и проценува дека во водушните удари на коалицијата е убиени меѓу 8.000 и 13.000 цивили, пренесува исто така британскиот јавен сервис.

Коалицијата во споменатиот извештај наведува дека извела 34.502 воздушни напади од почетокот на кампањата против Исламската држава пред речиси пет години. Последните процени на коалициајта се малку поголени од оние објавени пред осум месеци, во кои се наведуваше бројката од 1.100 цивилни жртви.

Со податоците кои ги објави американската коалиција не се согласуваат и другите групи за заштите на човековите права, кои тврдат дека бројот на убиените цивили е многу поголем. Вишата советничка на Amnesty International, Донатела Ровера, ја обвини оваа коалиција поради „длабоко негирање“ на вистинските димензии.

„Денешното признавање на дополнителните цивилни жртви ја потцртува нужната потреба за темелни и независни истраги кои може да ги откријат вистинските димензии на цивилните жртви кои ги предизвикале коалициските удари и кои може да утврдат е дали секој напад бил согласно меѓународното хуманитарно право и да им овозможи целосен надомест на жртвите“, вели Ровера.

Истрагата на активистите во април покажала дека повеќе од 1.600 цивили се убиени само во коалициските напади во сирискиот град Рака, во текот на петмесечните напади во 2017 година против џихадистите. Рака дефакто беше галвнито град на „калифатот“ на Исламската држава.

Тогаш портпаролот на коалицијата предводена од САД за BBC рел дека „секое ненамерно губење на живот во борбите против Исламската држава е трагичен. Но тоа треба да се доведе во рамнотежа со опасноста Исламската држава да продолжи да изведува терористички напади, да предузвикува болка и патење на секој кој ќе го избере“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.