Коалицијата предводена од САД во источна Сирија се судри со провладините милиции

Коалицијата којашто ја предводат САД и нејзините сунитски бунтовници сојузници на теренот во текот на ноќта со артилерија и од воздух ги нападнале провладините милиции за да го отфрлат „непредизвиканиот напад“ во близина на реката Еуфрат, соопшти коалицијата во четвртокот, а Москва го обвини Вашингтон дека со ваквите операции сака да ја задржи контролата врз сириско нафтоносно поле.

Судирот кој се смета како инцидент се покажува како потенција за продолжување и продлабочување на судирите на богатиот со нафта исток на Сирија, каде што сунитската вооружена опозиција поддржана до САД, Сириските демократски сили (SDF) всушност групација составена од арапски локални бунтовнички формации и милицијата на сириски Курди, Единици за заштита на народот (YPG) којашто Турција ја смета за сириско крило на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) кои по потиснувањето на Исламската држава заземаа поголеми области. Сирискиот претседател Башар ал-Асад, кого го поддржува Русија и шиитските милиции од регионот зад кои стои Иран, како и локални милиции, објави дека сака да ја врати под владина контрола секоја педа од Сирија.

„Провладините сили веројатно настојувале да ги заземат нафтените полиња во Кушам“, западно од Еуфрат во покраината Деир-ез-Зор, изјавил за агенцијата Reuters функционер на САД кој зборувал под услов да остане неименуван.

Нападот го извеле 500 војници со поддршка на артилерија, тенкови, повеќецевни ракетни фрлачи и монофрлачи, но коалицијата и нејзините сојузници наводно убиле повеќе од стотина од нив, рекол фукнционерот.

Сириската државна телевизија извести дека коалицијата во бомбардирањето на провладините милиции „ранила и убила десетици“. Меѓутоа, командантот на сојузот на милициите кој ја поддржува владата на Асад ги оспори тие наводи, велејќи дека се убиени седум припадници на провладините сили, а оти уште 27 се ранети.

Портпаролката на Пнетагодн, појаснувајќи го „силниот одговор“ на коалицијата на брифинг со новинарите истакна дека нападот на коалицијата бил „исклучиво одбранбен“. Вашингтон, според неа, не барал судир со сириските сили. „Не бараме судир со режимот“, рече Вајт.

Коалицијата соопшти дека нападот се случил на околу осум километри „источно од линијата на примирјето на реката Еуфрат во Кушам“. Коалицијата ги известила руските функционери за присуството на силите на SDF, тврдо анонимниот американски функционер.

„Функционери на коалицијата одржувале редовна комуникација со руската страна, пред, во текот и по спречениот напад на непријателот“, рекол функционерот на САД.

Во писмото до Обединетите нации, сириското министерство за надворешни работи нападот го карактеризира како „воено злосторство“ и побара распуштање на коалицијата.

„Бараме меѓународната заедница га го осуди овој масакр и коалицијата да ја прогласи одговорна за него“, пренесе сириската државна новинска агенција SANA.

Руското министерство за одбрана соопшти дека провладините милиции кои биле цел на напад биле во извидување и дека нивните активности претходно не биле договорен со руските претставници.

Ниеден американски војник не е убиен или ранет во инцидентот, рекол американски функционер Извесен број американски војници биле со припадниците на SDF, чиј главен штаб е во покраината Деир-ез-Зор, наводно бил цел на напад.

Нури Махмуд, портпаролот на курдската милиција YPG, судирот го опишал како „закачка“ и рекол дека секоја страна се вратила на своите почетни позиции.

„Се сомневаме дека сириските прорежимски сили се обиделе да ја заземат областа којaшто SDF ја ослободи од Исламската држава во септември 2017 година“, рекол анонимниот функционер на САД.

Коалицијата во електронска порака до Reuters тврдела дека провладините сили ги започнале непријателствата со артилериски оган по јакнењето на силите минатата седмица.

Репортерот од покраината Деир-ез-Зор на сириската државна телевизија al-Ikhbariya јаво дека групите кои ги бомбардирала коалицијата предводена од САД се „локални луѓе коишто се борат против Исламската држава и SDF“.

Руската приватна агенција Интерфакс ја пренесува оцената на министерството за одбрана дека инцидентот покажал оти целта на САД во Сирија не е борбата против џихадистичката Исламска држава, туку „запоседнување и задржување на економските ресурси“, алудирајќи на нафтеното поле Кушам.

Рускиот претставник во НАТО рече дека нападот е „вреден за жалење“, како и дека тоа прашање ќе го постави на состанокот на Советот за безбедноста кој треба да се одржи зад затворени врати, а посветен на хуманитарната состојба во Сирија.

„Тоа е вредно за жалење, ќе го поставиме тоа прашање и ќе ги прашаме што се случило“, изјави за новинарите во Њујорк, рускиот амбасадор при ОН, Василиј Небенција. Додаде дека верува оти кога се случил нападот во таа област немало Руси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.