Коалицискиот партнер на ДУИ – Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата

Коалицискиот партнер на ДУИ во Европскиот фронт, Зијадин Села се огласи на партискиот фејсбук профилво врска со објавата на на „црната листа“ на Америка на која е ставен од денеска поранешниот прв вицепремиер и висок партиски фунцкионер на „интегративците“ на Али Ахмети, и поритоа „поздравувајќи ја одлуката на САД”.

„Алијансата за Албанците во континуитет е еден од политичките актери кои јавно ги осудуваа врските на судството со политиката и олигархијата, затоа и денеска ја поздравуваме неодамнешната одлука на САД, најважниот стратешки партнер на РСМ и албанскиот народ.

Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани.

Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава,” напиша Села.