Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски.

ДОМ, ДП, Партијата на пензионери, ВМРО НП и другите коалициски партнери во власта на СДСМ и ДУИ веднаш да излезат и да го отфрлат предлогот од Париз.

Доколку тие излезат и го отфрлат предлогот и му свртат грб на Ковачевски, тој ќе нема друг избор освен и самиот да го отфрли, иако веќе го одобрил и прифатил, пред тој да биде пуштен официјално во јавност.

Доколку партиите од Коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб сега, тие нема да можат да направат ништо во однос на предлогот, зошто нема да имаат ниту мнозинство од 61 пратеник.

Помалите партии во Коалицијата да излезат од сенката на СДСМ и ДУИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.