Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа (кариера и постигнувања)

EPA/TANNEN MAURY CORBIS OUT

Двократниот олумписки копшаркарски шампион, петкратен првак во американската НБА лига, Коби Брајант загина во хеликоптерската несреќа во неделата, објави поратлот TMZ.

Според изворот на водечкиот американски портал за информации од животот на славните личности, приватниот хеликоптер на 41-годишниот Брајнат се урнал во близина на Лос Анџелес.

Претходно американските медиуми објавија дека пет лица загинале во хеликоптерска несреќа во градот Калабасас во округот на Лос Анџелес.

„Потврдена е смртта на пет лица. Нема преживеани во хелипотерската несреќа во Калабасас“, објави на Twitter шерифот на округот Лос Анџелес.

Без да го објави идентитенот на жртвите, шерифот наведе и дека на местото на несреќата работат поќарникарите и оти е отворена истрага. Очевидци изјавиле дека се слушнал тресок пред леталото да почна да паѓа.

Коби Брајант беше познат по користењето на хеликоптер, уште од периодот кога настпуваше за Лос Анџелес Лејкерс, на пример за патување од Њупорт Бич до Стејплс центарот во Лос Анџелес, со неговиот хеликоптер „Sikorsky S-76 chopper“.

Сопругата на славниот кошаркар, Ванеса Брајант, и ниедно од нивните четири деца Џана, Наталија и Бјанка и новородената во јуни 2019 година Капри, не биле во хеликоптерот. Коби неодамна беше снимен на НБА натпреварите со неговата најстара ќерка Џана, којашто и самата е кошаркарка на која ѝ предводуваат успешна кариера.

Коби Брајант 18 пати настапуваше на „Ол-стар“ натпреварите како највредниот играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната и двапати ја понесе оваа титула во финалната серија на плеј-офот. Дури 11 пати беше избиран за член на најдобрата петорка во лигата.

На списокот на најуспешните корашкари во историјата на НБА лигата, Брајант го заземаше третото место со 33,743 поени, сѐ до ноќта од саботата кон неделата кога неговото достигнување го надмина Леброн Џејмс.

Како дел од репрезентацијата на САД Брајант беше носител на зланиот медал од Олимписките игри во 2008 во Пекинг и 2012 година во Лондон, и на Американското првенство во 2007 година.

Брајант се смета за еден од најдобрите кошаркари на НБА на сите времиња. Целата своја 20-годишна кариеара ја мина во Лејкерс, освојувајќи пет титули, во 2000, 2001, 2002, 2009 и 2010 година, со двапата МВП во финалните серии во 2009 и 2010-та.

Кариерата ја заврши во април 2016 година, а одигра 1.346 натпревари соборувајќи низа рекорди. Со 33.643 постигнати коша сега е на четвртото место на листата на сите времиња, а пред него се само Карим Абдул Џабар со 38,387, Карл Малоун со 36.928 и Леброн Џејмс со 33.655 поени. Покрај тоа, Коби Брајнат впиша и 7.047 скокови и 6.306 асистенции.

Брајант е роден на 23-ти август во Филаделфија, а со шест години се преселил во Итаклија, каде неговиот татко Џо Брајант добил кошаркарски ангажман. Со 13 години Брајант се вратил во САД, а кошарката започнал да ја игра во средношколската екипа Лоуер Мерион Хај Скул.

На НБА драфтот во 1996 година е избран како 13-ти пик, а го земаа Шарлот Хорнетсч. Меѓутоа, Лос Анџелес Лејкерс им понудија на Хорнетс замена понудувајќи го Владе Дивац. Хорнетс ја прифатија побудата, а Брајант стана првиот бек кој директно од средно училиште се пресели во најсилната кошаркарска лига на светот.

https://www.youtube.com/watch?v=ENzx5r0bX7A