Кобила е „Австралијка на годината“

Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и почит.

Чистокрвната кобила Винкс е недостижна за двоножните идоли во спортот, политиката, културата и академскиот свет, наведуваат од „Дејли Телеграф“ за единствената кандидатка за „Австралијка на годината”.

Дали е ова Австралијката која живееше според австралиските вредности на почит и цивилизираност?, ги прашува весникот читателите, наведувајќи подолга листа доблести коишто треба да ги има личноста на годината.

Според сиднејските медиуми, кобилата освоила десетици трки и наскоро оди в пензија. Тоа е описот на единствената „Австралијка“ која ги исполнила критериумите.

Свеченото прогласување на личност на годината, кое овојпат ќе биде само формалност бидејќи добитничката веќе се знае, се одржува на Денот на Австралија, 26-ти јануари.

Од претходните победници, се издвојува името на научникот и нобеловец – Пол „Крокодилот Данди” Хоган.