Коцарев: Не молчете за исчезнувањето на Македонија, за поморот на македонскиот род и име!

„Грст политичари за грст денари веќе триесетина години ја држат Македонија во заложништво. Различни се патиштата за иднината на Македонија, но сите тие имаат заеднички именител: департизација на општеството. За да ги спречиме разорувањето, уништувањето, исчезнувањето, деградирањето на Македонија, за да не исчезне Македонија во оваа траурна тишина, не молчете!“ – вели Љупчо Коцарев, претседателот на Македонската академија на науки и уметности, во својата колумна со наслов „Не молчете!“, која ќе ја објави весникот „Нова Македонија“ утре.

Коцарев пишува: „Не молчете за неукоста, за кусогледоста, за самоукинувањето, за немањето визија, за властољубието, за користољубието, за неправдата, за недржавотворноста, за работењето против државните интереси.“

„Не молчете за исчезнувањето на Македонија, за партизираната Македонија, за поробената Македонија, за демакедонизираната Македонија, за предадената Македонија.“

„Не молчете за поморот на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско.“

„Во својата колумна претседателот на МАНУ реторички прашува: ‘Како понатаму?’, истовремено давајќи одговор и громогласна порака…“