Коце Трајановски еден од потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за скопски градоначалник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата во петокот откри дека Коце Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје.

Мицкоски повтори дека многу скоро, до средината на овој месец, ќе бидат соопштени дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локлани избори. Се преговара, рече, за коалиција, но не само со албанските партии, туку и со српски, бошњачки, турски,…

„Многу скоро ќе имаме тематска прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за имињата на 15-та кандидати. Очекуваме во текот на следната недела да имаме Извршен комитет на партијата, да потврдиме уште некое име, па може ќе бидат повеќе од 15. Се работи за комплетно нови имиња, познати за жителите на општините од кои доаѓаат и првпат се кандидираат за политичка функција. Едно од имињата што се мери на анкети е и Коце Трајановски, исклучително успешен градоначалник во минатото. Едно од имиењата кое се мери на анкетите е и Коце Трајановски. Има многу кандиати кои би можеле да бидат успешни и победници во дуелот со Шилегов, но ние сакаме победата да биде најубедлива досега и знак дека времето на политичките измамници е минато“, рече Мицкоски.

Повтори дека очекува сериозна победа во 15-те општини за чии кандидати зборуваше.

Наскоро, дополни Мицкоски, ќе бидат познати и политичките партии кои ќе ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје.

Во однос на фингер-принт апаратите за кои вчера на брифинг Љупчо Николовски кажа дека е можно и да нема за претстојните локални избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека нивното обезбедување е законска обврска.

„Ако е точно дека така рекол, значи дека оној што треба да го почитува Законот, свесно најавува негово кршење. Ако знае нешто што ние не знаеме, треба да и соопшти на јавноста. Не верувам дека членовите на ДИК се подготвени како Николовски, да го кршат Законот. Очекувам терминалите за отисок од прст да бидат успешно обезбедени, инсталирани и фунционални“, потенцираше Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.