Кочан и Поповски се ставени во изолација, заразениот затвореник престојувал со нив

Во затворот во Идризово регистриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот Ковид – 19. Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него.

Како што информира директорот на затворот Боби Мојсовски за МИА, затвореникот кој бил од Велес, бил на викенд од 24 до 27 јуни и на 30 јуни пријавил дека има покачена темпаратура при што му е направен тест за Ковид кој бил позитивен.

Меѓу десетте затвореници кои се во изолација се Ѓоко Поповски и Сеад Кочан, кои беа обвинети од пропаднатото СЈО и осудени на долгогодишни казни.