Кочанчанец ги малтретирал сопругата и малолетната ќерка…

Кочанка пријавила дека подолг период нејзиниот сопруг ја малтретирал, но не само неа туку и нејзината малолетна ќерка. Полицијата го истражува случајот.

„На 09.09.2020 во 12.30 часот во Одделението за внатрешни работи Кочани, 44 годишна жена пријавила дека подолг временски период таа и нејзината малолетна ќерка во нивната семејна куќа биле малтретирани од страна на нејзиниот сопруг М.З. од Кочани“, информираат од Полицијата.

По комплетирање на случајот против М.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.