
Портпаролката на високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерија Могерини, Маја Коцијанчич денеска предупреди на опасноста од ескалација на судирите во Украина и оти ЕУ во тој случај може да ги заостри санкциите кон Русија, пренесува МИА.
– Обновените интензивни борби лесно можат да доведат до создавање на нова спирала на насилство, посочи Коцијанчич.
Украинската Влада и проруските сили меѓусебно се обвинуваат за кршење на Договорот од Минск, со кој е договорено примирје и повлекување на тешкото вооружување од фронтот.
Коцијанчич апелира двете страни да го почитуваат Договорот од Минск.
– Лидерите на земјите-членки многу јасно кажаа дека доколку биде неопходно, подготвени се да преземат понатамошни чекори, истакна Коцијанчич.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.