Коцијанчич: ЕУ не сака да се меша во „Случајот Груевски“

157

Европската унија не сака да се меша во случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и со неговото барање политички азил во Унгарија.

Пресинг ТВ го праша портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич дали доколку Унгарија како земја членка на ЕУ одобри азил ЕУ тоа ќе го почитува.

Одговорот е дека , тоа е случај кој не смее да се политизира.

“Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. Ние не коментираме тековни судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, за земјите членки и за земјите кандидати. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејстуваат строго во согласност со релавантните правила. Ова е судска постапка која не смее да се политизира”, изјави Коцијанчич за Пресинг ТВ.

Skin Delight