КОД: Застаре едно од делата на Мијалков, наместо 12 години во затвор, ќе лежи три години

Застаре едно од делата за кое му се судеше на екс началникот на УБК Сашо Мијалков. Три години од неговата затворска казна нема да ја има ниту во првостепената пресуда со која е осуден на 12 години затвор бидејќи таа се уште не е напишана.

Ова за емисијата КОД го открива неговиот адвокат Петар Василев, а вели дека се работи за делото „Примање награда“ кое е едно од трите во пресудата за „Таргет-Тврдина“.