Коен: Трамп од алчност и омраза кон Клинтон бараше помош од Путин

Алчност а не предавство била причината зашто американскиот претседател Доналд Трамп барал помош од рускиот претседател Владимир Путин од чие управување бил восхитен пред изборите во 2016 година, пренесува весникот The Washington Post повикувајќи се на книгата на поранешниот адвокат на американскиот претседател Мајкл Коен која треба да излезе во вторни на 8-ми септември.

Според мемоарите на Коен, Трамп сакал да изгради облакодер од 120 ката на московскиот Црвен плоштад, во кој на триесетина ката би бил сместен хотел со пет ѕвездички и спа центар според замислите на Иванка Трамп. Наводно Трамп сакал на врвот на зградаа на Путин да му даде бесплатно станбен простор „за да му се додвори“, пишува во објавените исечоци Коен кој ги средувал работите за Трамп, но засега нема аргументи.

„Целата приказна за патриотизмот и предавството стана неважна во неговата глава. Трамп ја користеше кампата да заработи пари, и сигурно го направи тоа“, пишува натаму Коен.

Трамп и Путин биле обединети во својата омраза кон Хилари Клинтон, тврди Коен и вели дека Путин бил лут на Клинтон поради тоа што таа ги поддржала протести против него во 2011 година.

„Она што изгледа како таен договор всушност е само совпаѓање на интересите на кој и да е начин да ѝ се наштети на Хилари Клинтон, вклучително и мешањето во американските избори, што на Трамп не му причини воопшто непријатност“, тврди Коен.

Како што забележува весникот кој бил во посед на примерок од мемоарите на Коен, книгата не дава доволно нови детали во врска со истрагата за наводното мешање на Русија во американските избори во 2016 година.

Во изјава за The Washington Post, портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекинани, потсети на проблематичниот кредибилитет на Коен,

„Мајкл Коен е посрамотен измамник и адвокат исфрлен од адвокатската комора, кој лажеше пред Конгресот. Го загуби сиот кредибилиете, и не зачудува што во својот последен обид настојува да профитира од лаги“, напиша Мекинени.

 

Восхитен од Путин

„Кога станува збор за Русија, Коен пишува дека причината поради којашто Трамп му се восхитувал на рускиот претседател Владимир Путин е поденоставна отколку што мислат многу критичари“, забележува весникот.

Според поранешниот адвокат, на станарот на Белата куќа му се допаднало тоа што рускиот претседател „ја презема контролата над зелата земја и ја води како негова лична компанија, всушност исто како (американскиот претседател) својата Trump Organization“.

Покрај тоа, според пишувањето на Коен, Трамп за време на претседателската кампања во 2016-та, веројатно под влијание на пропагандата, погрешно го сметал Путин за „најбогатиот човек на светот“, а американскиот претседател многи ги цени парите.