Кога Бугарија требаше да плаќа репарации за окупацијата, го даде Цар Самуил

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски на денешниот протест на опозицијата изјави дека Владата врши национално предавство во преговорите со Бугарија. Според него, Софија ја толкува историјата зависно од потребите.

„Кога требаа да платат репарација за окупацијата на Македонија, тие го даваа и цар Самуил дека е македонски цар за Заев сега на тацна да го направи бугарски. Тоа само кажува како им одговара, така си ја толкуваат историјата. Кога требало да плаќаат 25 милиони долари репарации, само за окупацијата на Македонија, што денеска е еквивалент на 25 милијарди долари. Пиринска Македонија ја давале да се приклучи кон Југуславија затоа што не ја сметале за нивна, секогаш нас Македонците не сметале за своја монета за поткусурување – рече Јакимовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.