Кога ќе се сетам дека сум Лејди Гага, многу се растажувам, светската пејачка ја мрази популарноста

Поп-ѕвездата Лејди Гага откри дека мрази тоа што е позната, како и тоа што поради нејзината популарност, се чувствува, како што вели, како да е во затвор.

https://www.instagram.com/p/CC4Hf10sDwx/?utm_source=ig_embed

Таа го раскажа  ова за време на првата епизода од своето радио шоу „Гага радио“, која ја имаше својата премиера на „Ејпл музика“ во петокот.

– Кога ќе се сетам дека сум Лејди Гага, многу сум тажна. Обожавам да сум Гага, но мразам да немам слобода затоа што сум славна. Се чувствувам како да сум во затвор. Мразам да бидам славна. Тоа штосум уметник не беше мој избор, како и да е јас со уметност би се занимавала, но исто така не одбрав јас да бидам популарна – рече таа за време на шоуто.

Авторката се осврна и на првобитното име на албумот „Chromatica“, кој сакала да го нарече „Free Woman“.

https://www.instagram.com/p/CBjyWRpFOiP/?utm_source=ig_embed

– Отпрвин сакав да го наречам албумот „Слободна жена“, а идејата ми беше да бидам во кафез на насловната фотографија, како во затвор – рече таа.

Гага го издаде својот нов студиски албум „Chromatica“ на 29 мај годинава, а покрај тоа издаде два сингла – песната „Stupid Love“ и „Rain on Me“, дует со Аријана Гранде.