Во современото време сé повеќе луѓе сé поголем дел од денот минуваат пред комјутерите, што сигурно им штети на очите и видот, а поради тоа мора да земаат подолги паузи, по можност некаде меѓу растенија.
Околу 80 отсто од луѓето кои минуваат повеќе од три часа дневно пред компјутерот сметаат дека тоа им создава проблеми, а половината од нив тврдат дека тоа им штети на очите, велат од сојузот на офтамолозите на Германија. Пациентите како симптоми притоа ги наведуваат сувите очи, замаглениот поглед, главоболките, чувствителноста на светлина и заморот.
Поради тоа важно е луѓето коишто работат на компјутери да земаат редовни паузи, идеално би било по неколку пати во текот на работниот ден, бидејќи тоа најмногу може да им помогне.
Растенија во канцеларијата, пак, се добра превенција за сувите очи, бидејќи тие даваат влажност во восдухот. Покрај тоа, мониторот би требало да биде под прав агол во однос на прозорецот и светилките. Треба да се избегнува индиректното осветлувања, а очите треба да се 50 до 80 сантиметри оддалечени од екранот.
Најважно, сепак, е редовно да се оди на прегледи кај офтамолозите, за правовремено да се откријат и исправат проблемите со видот кои настануваат со предолгото гледање во екраните, препорачуваат германските лекари.