Кога за политичка дискредитација се злоупотребува човечка несреќа

Легитимно право на секој, па и на секакви ад хок граѓански здруженија со евидентна политичка обоеност, е да го искажат својот револт кој актуелните државни и јавни институции дека нешто не прават како што треба, или дека не работат во инетерс на граѓаните кои, всушност ги поставле на таа власт. Меѓуто, да се злоупотребуваат  човечки судбини за дисквалификација по секоја цена, е нешто што ниту морално, па ниту политички не е коректно и во најмала рака дозволено.

Деновиве сме сведоци на протест, организиран од граѓанската иницијатива „Коце врати ни ги улиците“, на кој се бараше од градсата власт да ja подигне свеста за заштита на учесниците во сообраќајот, но и со директно вперување со прстот кон градскиот татко како најодговорен за сообраќајните жртви. Нејсе, и тоа е легитимно, причини и оправдување за тоа имаат и двете страни. Но, да се оди до крајност, на улици да се изнесуваат родители на деца кои возеќи велосипед настрадале во сообраќајки на скопските булевари е повеќе од дозволената доза на политизација.

Инцијаторите на протестот, колку  и да ја оправдуваат фразата дека „се е политка, и тука нема ништо чудно“,  и притоа да се бара најголма одговорност за смрттта на тие деца од градоначалникот затоа што ги проширл булеварите и со тоа дозволил несовесните возачи да се движат брзо и да предизвикуваат трагични сообраќајќи, е бесмислено.

Од една страна се бара Градот преку кампањи да влијае врз свеста на учесниците во сообраќајот, а од друга страна, истата таа група која го организираше протестот, јавно и на социјалнте мрежи се исмејува на ваквите кампањи на Републички совет за безбеднст на сообраќајот и патиштата, чии пораки, во поседниот случај, ги пренесуваа повеќе јавни личнсти.

Кампањи за безбедност во сообраќајот, градската власт нема надлежност да спроведува, но има и тоа како голема надлежност да гради и проширува улици и булевари, со голем акцент на безбедносни пешаки и велосипедски патеки и потребна сообраќајна инфраструктура.

Но дека е виновна за несовеста на возачите и за „несоодветната“ ограничена брзина на скопските булевари е повеќе од неразумно обвинување, бидејќи Градот нема ингеренции во овие сфери на дејствување.

Барањата на опозицијата во градското собрание се во ред, што се однесува до формирање на Совет за безбедност во сообраќајот, па и дека треба да се ограничи брзината на движење на булеварите на 50 километри на час, и секаков конструктивен напор треба да се поддржи. Советот за безбедност, според последните информации  е во фаза на формирање и неговата улога би била во едукација и кампањи за подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот, а новите измени во Законот за сообраќај предвидуваат намалување на брзината на движење по булеварите од 60 на 50 километри, и тоа не е ништо ново, но за тоа ќе одлучуваат пратениците, а не градските советници.

Политички дилетантизам по секоја цена – НЕ

Градскиот татко останува одговорен за многу прашања поврзани со метрополата, но директната вина за изгубените чобечки животи на велсипедистите,  треба да ја побараат на друго место. Според полициските информации, последните сообраќајни незгоди со велосипедистите, не се случиле поради тоа што немало соодветна велосипедска патека, велосипедистите настрадале на пешаки премини, или пак додека стоеле на пешачки острови. Сторителите, кои дел од нив немaле ниту возачка дозвола, незгодата ја предизвикале поради пребрзото возење.

Никој не треба да се амнестира од вина во вакви случаи, но политички дилетантизам по секоја цена (иако и тоа е легитимно право), не поминува.

Граѓаните даваат поддрша на сите демократси повици и протести кои содржат елементи поткрепени за каков било револт од оние на кои им го даваме гласот да ни обезбедат подостоинствен живот. Но, судејќи според поддржувачите на протестот, кои очигледно сакаа да го искористат и гневот од лицата кои ги загубиле своите најмили во сообраќајни незгоди, повикот за одговорнот е на погрешна адреса и не ја постигна посакуваната цел.