Кои институции го прикриваат криминалот и корупцијата во Македонија

Ако во предходната колумна (Смрдлива корупција и криминал на институциите во Македонија) изнесов еден сегмент од големата слика од смрдливиот криминал и корупција на институциите во Македонија, како на филмска лента за час се појавуваат во континуитет нови криминали.

Ајде, прво со оние кои чекаат по неколку месеци, па да почнам по ред:

Вицепремиерката Славица Грковска, задолжена за политики за добро владеење истата наместо да си ги извршува своите поставени задачи со својот гломазен тим, таа ги коментира другите институции и е зачудена. Не Грковска, да бидеш зачудена за твоите неизвршени задачи. Зошто не реагирааш и да преземеш конкретни мерки за сомнеж за злоупотреба на службената должност и овластување, а во врска со владини поставени функционери конкретно Владимир Пивоваров во МВР, Агим Рушити директор на Агенцијата за квалитет за високото образование, за министерот за образование Јетон Шаќири кој е незаконски унапреден во наставно-научно звање доцент на струшкиот универзитет на Рамиз Мерко, за владините поставени функционери, Груби, па во Одборот за акредитација и евалуација, и затоа ни е образованието е таму каде што е. Или за овие владини поставени функционери -Скандал -член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка ја брани ќерката вработена на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, односно поконкретно Грковска (бидејќи бараш конкретно) а, ти е доставено, ќерката Едина Винца (асистент докторанд) е ќерка на Неждет Винца член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка. Конкретен случај на непотизам и судир на влијание и интереси! Каде сте информирани дека на овој универзитет „Мајка Тереза“-Скопје, од страна на Државни просветни инспектори се констатирани над 20 лица – незаконско унапредени во наставно-научни и соработнички звања. И оваа Второ степена комисија… по договорена работа од страна на раководни лица на политичката партија ДУИ носи  решение за повторен инспекциски надзор на универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, да се изврши повторен инспекциски надзор. И по задолжение на политичката партија ДУИ, повторниот инспекциски надзор треба да го изврши по наредба на ДУИ раководителот за инспекциски надзор Африм Саљиу (политички курир на ДУИ за надзор на овој универзитет) и инспекторот Перо Арсенов. Каков ќе биде исходот од нивниот инспекциски надзор ќе го видиме овие денови? Грковска за непотизмот на овој Универзитет, со писмен допис се известени и има предмет и во ДКСК, од таму нема никаков одговор. Па Грковска, дали сте загрижени за овие состојби кои треба да ги решаваш. Да треба, па ајде седни и работи и не парадирај. Добро Ви кажаа европските институции во Македонија, не само декларативно да се залагате за борба против кримиинал и корупција, седнете и работете. Да и јас се сложувам со нив. СЕДНЕТЕ и РАБОТЕТЕ. Модната ревија оставете ја за други светли и нормални прилики.

Кога сум до оваа институција ДКСК, само да ја потсетам претседателката Ивановска, дека добиената  преставка под бр.12-5560/1 од 03.06.2022година, кој исти ден  добија  со иста содржина  и ОЈО-Скопје и Битола предмет бр.РОбр.299/22, како и Финансиска полиција-Скопје, а во врска злоупотреба на парични средства од Фондот за функционирање и развој на Универзитетот „Свети Климент Охридски“-Битола, од страна на ректор, проректори и некои декани на овој универзитет. За овој случај запознат е и претседателот на Обвинителскиот совет Јолески кој е од Битола, а целиот овој случај се води во ОЈО-Битола. И од ниедна институција нема ништо ново.  Еве кои институции прикриваат криминал и корупција!

Зошто барам оставка од министерот за правда Тупанчевски!

Настаните поврзани со организираниот криминал во кои се инволвирани вработени на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово во кои се издадени над 400 дипломи од Правниот факултет со завршени 180 кредити на кои им се признава статус како да завршиле четиригодишни студии-VII степен  и вториот случај поврзан повторно со вработени во тој универзитет и поранешната Комисија за полагање правосуден испит и службеници од Министерството за правда на чело со тогашниот министер Атнан Јашари. И по овој повод,  доставен е писмен  допис бр.02-3283/1 од 05.12.2022 година, до Министерот за правда Никола Тупанчевски, со барање да формира Комисија со која сите решенија издадени од Министерството за правда за добивање на лиценца за положен правосуден испит се поништат како незаконити. Што е повреда на владеење на правото. Ако  министерТупанчевски го премолчиш ова, тогаш правиш противправно дело идентично на поранешниот министер.

За непревземање на активности, подобро е да си поднесеш неотповиклива оставка!. Ги повикувам институциите и Грковска за политики на добро поведение, ОЈО, ДКСК да поведат постапки согласно правното владеење. Ајде институции на РАБОТА во борба против криминалот и корупцијата. (види повеќе: Отворено писмо до министерот за правда Тупанчевски)

Почитувани мои читатели, по сите релевантни анкети, домашни и меѓународни се констатира дека правосудниот систем во Македонија  е урнисан.Довербата е само 4 отсто (јас мислам дека е нула), институциите се во амбис, со голема недоверба на македонските граѓани.

Наместо одговорните по институциите да се осврнат на своите работи и да се борат во борбата за криминал и корупција секој се меша во другиот двор. Па наместо Грковска  да си го среди својот двор и да седне да работи, таа коментира за Абази, му честита избор, па ретерира кога американската амбасадорка искажа изненадување, па сите овие папагали Ковачевски, Маричиќ, Спасовски… почнаа да ретерираат со нивните изјави, па дури и „првиот премиер“ Али Ахмети.

Наместо да има одговорност за постапките, па дури  и од морален аспект, тие не чувствуваат никаква одговорност. Наместо да има одговорност Министерот за образование, за криминалните нови учебници, тој не чувствува одговорност или оној во МВР-Спасовски (идниот кандидат за претседател на Македонија) издадени пасоши, лични карти на разни белосветски криминалци, не чувствува одговорност. Море КОПУЦИ (неранимајковци) кој е одговорнен? Одговорност мора да има со име и презиме.  Македонија е непристојно и несигурно место за живеење, прашајте ги амбасадорите што им порачуваат, да внимаваат, ако патуваат во Македонија. Зошто! Па јасно безбедносниот систем во државата ни е урнисан. Тоа е вистината.

На крај, за идната колумна оставам ексклузивно да Ве запознаам за Уставниот суд за раководењето под водство на Кацарска.

До тогаш, ви пожелувам добро здравје. Чувајте се!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес