Кои луѓе најчесто водат љубов?

155

Екстровертните луѓе имаат побогат социјален живот, полесно напредуваат на работното место, повеќе заработуваат, но списокот на привилегии тука не застанува.

Тие исто така имаат и побогат сексуален живот, тврдат германските научници кои дошле до овој заклучок, проучувајќи ги типовите на личност на новните испитаници и нивните одговри за сексуалниот живот. Екстровертните мажил имале 5, 5 сексуални односи месечно, додека интровертните воделе љубов три пати. Кај жените оваа разлика е уште поголема. Отворените и комуникативни дами уживале 7, 5 пати месечно, дупло повеќе од интровертните (повлечените) испитанички.

Научниците воопшто не се изненадени од овој заклучок, затоа што екстровертните луѓе многу повеќе се движат меѓу луѓето, а кога се во друштво често воспоставуваат блиски контакти со соговорниците што штотуку ги запознале, што вклучува и контакт со очите, допири, стоење блиску.

Интровертните, од друга страна, го почитуваат просторот и приватноста на соговорниците и нема толку брзо да ја преминат границата на формалното, па со самото тоа повеќе време им е потребно за да дојдат до сексуален чин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.