Кои се кандидатите за директор на ОТА?

Четиринаесет кандидати се пријавиле на огласот за директор на новата агенција за прислушување ОТА, дознава Алфа.

На конкурсот се пријавил универзитетскиот професор  за безбедност Стефан Буџаковски, освен професорот, на листата кандидати од сферата на безбедноста доаѓаат уште двајца, кои дипломирале безбедност и самозаштита.

Кандидат за директор на ОТА е и екс контраразузнавачот Ѓорги Лазаревски, на кого специјалното јавно обвинителство му го тргна кривичниот товар дека бил вмешан во наводната афера за прислушување позната како ,,Пуч“. Лазаревски е дипломиран електроинженер, со исто образование на листата кандидати за прв човек на ОТА има уште двајца. За директор на ОТА конкурирале и  четворица правници, меѓу нив и еден доктор на науки, јавува телевизијата.

Со завршена воена академија во Скопје, доаѓаат тројца кандидати, меѓу кои капетан Димитар Богатинов експерт од сферата на сајбер криминалот и полковникот Драган Ковачки поранешен раководител во службата за Воено Разузнавање.

ОТА треба да почне со работа до ноември 2018 година. Кој ќе биде вработен во агенцијата е  лична одлука на директорот на ОТА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.