Кои се најчуваните машки секс тајни?

440

Списанието Гламур направи едно истражување за сексот, а резулатите до кои дојде се навистина интересни.

Сакаат секс во мрак

Дури 37 отсто од мажите сакаат секс во мрак. Жените го сакаат во многу поголем процент, но ова за нас беше потполно изненадување.

Размислуваат за другарката на својата партнерка

Машкиот мозок сака да одлета за време на сексот, а на листата на жени за кои размислува, од супермодели и познати глумици често се наоѓа и другарката на партнерката. Тоа не значи дека навистина му се допаѓа, но фактот дека е забрането овошје навистина функционира.

Сакаат да гледаат порно филмови пред жената

Некои мажи ги кријат своите потреби за порно филмови, но дури 40 проценти велат дека гледале порнич додека девојката им била во соба.

Скромни се

Кога во анкетата им поставиле прашање како би се оцениле себе си во кревет, 44 проценти од нив рекле дека се сметаат за добри, додека 46 отсто изјавиле дека се сметаат за просечни. Скромноста е секогаш доблест.

Skin Delight