Кои се петте најевтини градови во Европа

Во различни градови во Европа, цените за туристите се движат од невозможно високи до сосема прифатливи. Годишниот индекс на “Backpacker Europe” ги рангира најевтините места на Стариот континент.

За да се состави листата е земено е предвид колку во просек чинат ноќевањата (претежно во хостели), билетите за градскиот транспорт, билети за локалните знаменитости и атракции, три оброци на ден и три пијалоци на ден. Ова резултира со просечна дневна цена.

Еве и кои се 5-те најевтини градови во Европа според рангирањето за 2019 година. На петтото место е бугарската престолнина.

5. Софија, Бугарија. Потребна сума на ден: 32 долари

4. Букурешт, Романија. Потребна сума на ден: 28 долари

3. Белград, Србија. Потребна сума на ден: 28 долари

2. Краков, Полска. Потребна сума на ден: 27 долари

1. Киев, Украина. Потребна сума дневно: 25 долари

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.