Кои се најуспешни и најправедни знаци во хороскопот?

 Овен: Лидер

Овенот е пред сѐ храбар. Неговите ентузијазам и одлучност ретко кој друг знак ги поседува. За Овните работата е многу важна и секогаш треба да се заврши. Што и да добие во животот, да направи или да одлучи, тој е знак кој го работи тоа без никакви проблеми и двоумење. Неговата харизма се гледа во неговиот херојски карактер кој сака да победува. Дури и по цена на својот живот, Овенот ќе продолжи да се бори до крајот – тој е бестрашен. Поради тоа помеѓу припадниците на овој знак може да пронајдете лидери, шефови и директори кои не мируваат од моментот кога ќе влезат во фирмата. Ако нешто ветат, тие тоа и ќе го исполнат, но истото го очекуваат и од своите соработници.

Најмногу мразат предавство, лаги и малодушност. Овенот е фантастичен хирург, градежен инженер, војник, војсководец, актер, комичар како Чаплин, љубовник како Казанова и политичар како Хрушчов.

 Стрелец: Оптимист

Планетата која владее со овој знак е Јупитер. Стрелецот како и неговата планета е симбол за моќта, успехот и уживањето. Тој е знакот на среќата, веселбата, егзотиката, ја сака храната, пиењето, патувањето, музиката, се бори против неправдата, владее со човековите права и пријателството му е императив. Тој е млад дух со убав естетски изглед, спортска градба, ги сака пламенитите спортови, па затоа тенисот му е еден од омилените. Стрелецот е отмен, аристократ, понекогаш бунтовник, ја почитува традицијата, но сепак сака да оди и по свој пат. Големите награди, медали и воени заслуги што ги добива потекнуваат токму од силниот Јупитер.

Стрелецот не е лесен за соработка и знае да биде доста строг и да казнува. За некој кој по природа е хедонист, нема поголема казна од тоа да се биде без пари и уживање. Животните апетити на овој знак се големи, но тие и се остваруваат. Типичните ѕвезди кои припаѓаат на овој знак се музичките легенди Френк Синатра и Тина Тарнер кои со својот талент се вистински претставници на Стрелецот, како и поради успехот кој го постигнале и кој сѐ уште трае.

Јарец: Владетел

Јарецот е знак без кој едноставно не може да се замисли успехот. Тој се смета за еден од највлијателните знаци во хороскопот. Природното десетто поле или зенитот, врвот и небото припаѓаат на овој знак. Јарецот е пред сѐ знак на дисциплината, моќта, успехот и ако некој сака да биде успешен, тогаш мора да се движи по таа струја. Работата, обуката на работниците и стратегијата му се основни параметри. Јарецот не е знак кој се плаши од стресот или губењето на работата бидејќи таа му припаѓа природно. Тој е предодреден да биде авторитет. Неговиот пат е тежок бидејќи тоа е знак на кармата, искуството од минатото и инкарнациите. Тој е успешен доктор, хемичар, биолог, политичар, адвокат, астроном, банкар, трговец со недвижнини, пејач и композитор.

Можеби еден од најсилните претставници на овој знак е музичката легенда Елвис Присли, кој е еден од ретки Јарци на кои, според астролозите, Сатурн му помогнал да стекне големо материјално богатство.