Кои земји ќарија од санкциите на Русија кон Западот?

262

Забраната за увоз на храна од ЕУ и САД во Русија доведе до драстично зголемување на увозот од земјите што не се погодени од руското ембарго, пишува руската агенција Спутник.

Поради ембаргото што Русија го постави кон Западот, пазарот на храната во оваа земја целосно беше преструктуриран. Во првите четири месеци од годината, според статистичките податоци на Руската царина, значително е зголемен увозот од земјите што не се на „црната листа“.

Некои од овие земји остварија сосема неочекувано ниво на увоз. На пример, Турскиот увоз на месо во Русија се зголеми за 940 отсто во периодот од Јануари и Април 2015, што е неверојатно зголемување во однос на истиот период минатата година. Турција со ова стана третиот по ред најголем снабдувач на рускиот пазар по Беларусија и Бразил.

Колумбија стана лидер по порастот на доставата на сурово месо во Русија, затоа што испораките пораснаа за повеќе од 1.000 отсто во првите четири месеци од 2015-та.

Во меѓувреме, Пакистан го презеде водството на пазарот за зеленчук во Русија со повеќе од 18.000 тони зеленчук увезени во Русија, што е зачудувачки многу повеќе од првиот квартал на минатата година, ако се земе во предвид дека тогаш биле увезени само околу 100 тони зеленчук.

И покрај влошувањето на односите и политичките тензии помеѓу Русија и Украина увозот на некои производи од Украина драстично е зголемен. Увозот на сурово месо пораснал за 141 процент.

Инаку, Москва постави ембарго на увозот на одделни категории храна од ЕУ, САД Австралија, Канада и Норвешка во август 2014-тата како одговор на санкциите што Западот ги спроведе за Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.