Кој е најпаметниот и најнезависниот хороскопски знак во Зодијакот?

Водолијата е доста независна личност, а секој обид да ја задржите или да ја ограничите за нив претставува провокација за да избегаат. Тие треба да бидат слободни. Независноста не е само нивна желба, туку истовремено е и неопходна за нивната благосостојба и среќа.

Под навидум бесчувствителна надворешност се крие пријателско срце кое ќе се обиде на секој начин да им помогне на пријателите. Тие сакаат кога луѓето се смејат и се обидуваат да ги расположат луѓето и секогаш кога се чувствуваат добро настојуваат и другите да се чувствуваат добро. Тие не очекуваат ништо за возврат и ним им е важно никој да не се обидува да ја ограничи нивната сллобода и да можат да живеат без обврски. Тие се доста неконвенционални и секогаш полни со возбуда, а на нивните пријатели секогаш им го прават животот позабавен.

Водолиите сакаат да прават нешто корисно во нивниот живот, па така мешањето со луѓе, може да ги направи одлични политичари и социјални работници или психолози. Тие се прогресивни мислители и често влијаат врз формирањето на новите идеологии и теории. Било кој вид истражувања се доста погодни за водолиите.

Водолиите се во постојана потрага за мудроста. Тие се доста досетливи и можат да добијат информации за се што им треба и тоа доста објективно, затоа што емоциите воопшто не им пречат, а изгледа дека тие се секогаш над емоциите и кога говорат, секогаш ја говорат вистината. Понекогаш тоа може да биде шокантно и болно за емоциите на другите, но водолијата секогаш ќе ви ја кажат вистината во лице.

Ова е хотроскопски знак на визионерството, неконвенционалноста и интелектуалната независност. Водолиите се луѓе што остапуваат од тоолпата и одат по својот пат. Секогаш бараат интелектуална стимулација и постојано откриваат нешто ново, формираат нови мислења и тврдоглаво патуваат по својот пат без оглед на тоа што го мислат другите луѓе. Лицата родени во знакот водолија се полни си парадокси, тие се заинтересирани за сосема спротивставени нешта: сакаат да бидат сами, но и во големо друштво.