21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Кој ги штити убијците кои ликвидираа две лица среде Скопје?

Кој ги штити бруталните убијци кои со калашникови ликвидираа две лица среде Скопје пред точно еден месец, прашува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште тогаш кружеше дилемата дека две лица од безбедносните служби, па дури и врвот на МВР им помогнал на ликвидаторите да избегаат од лице место исто како што избега и убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев во изминатиот период. Ова беше толкувањето зошто МВР не направи обрач околу сторителите. Ова толкување се повеќе добива на сила особено еден месец подоцна кога не само што не се уапсени сторителите, туку не е соопштен ниту нивниот идентитет и ниту пак има информација дека по нив има потерница, ни внатрешна, ни меѓународна. Еден месец подоцна, Оливер Спасовски не понесува одговорност за нарушената безбедност, а убијците се слободни и секој од нас може да биде нивна наредна мета, вели тој.

Ѓорѓиевски оценува дека во Македонија царува криминалот.

-Убиства, престрелки, насилство на улиците станаа наше секојдневие од денот кога СДСМ ја презеде власта во Република Македонија. Коалицијата на СДСМ со криминалното подземје продолжи, а цената за концесиите на Заев кон подземјето ја плаќаат нажалост нашите граѓани неретко и со своите животи. Неработењето на Спасовски кој наместо да го гони го помага криминалот е ветер во грб за шерифите кои своите меѓусебни престрелки ги пренесоа на улиците ширум нашата држава. Цел месец МВР на чело со Спасовски не може да идентификува кој се возеше со зелениот „Ленд Ровер“, кобната ноќ на 29-ти септември кога во мафијашки стил свирепо беа убиени две лица, а едно лице остана тешко повредено среде Скопје. Спасовски цела година не може да го пронајде ниту убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев кој беше исто така застрелан пред својот дом. Правдата не е задоволена ни во случајот со убиството на младиот Саздо кој крвнички беше претепан додека чекаше автобус, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски порачува дека нашите граѓаните не се чувствуваат безбедно.

-На родителите им е страв со своите деца да излезат надвор на улиците. Безбедносната состојба во Македонија е целосно нарушена. Спасовски мора да понесе одговорност за оваа состојба. Најмалку што може тој во моментот да направи е да си понесе неотповиклива оставка, истакна тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.