Кој им го украде белиот Божик на Словенците?

Според поголемиот број временски прогнози, но и според статистички податоци од последните децении, Словенците и оваа година може да остане без снегот за Божик, а изгледите дека со снег ќе ја дочекаат новата 2019 година се само малку подобри.

Главниот метеоролог на јавната телевизија RTVS, Бране Грегорчич, најави денеска дека дури во четврток, со доаѓање на студениот фронт, кога температурата ќе биде околу нула Целзиусови степени, постои можност за слаби снежни врнежи.

Меѓутоа, дури и доколку се остварат ваквите прогнози, снежната белина брзо ќе исчезне, бидејќи во текот на викендот следат температури од 5 до 10 Целзиусови степени.

Последите години Словенците речиси се навикнаа на такнаречените „зелени зими“ со многу малку снег во низините. Последниот пообилен „бел“ Божик, кој придонесува за посебното весело празнично расположение Словенците ги имаа во 2007 година, па и со помалку завист гледаат на соседите во регионот, па дури и појужно.

И прогнозата за снежен Божик, следнатата седмица на 25-ти декември, според грегоријанскиот календар, не е во посакуваниот правец, бидејќи температурата во предбожикната ноќ ќе биде околу 5 степени, вели Грегорчич за словенечките медиуми.

Во последните 30 години словенечката престолнина Љубљана се разбудила на божикното утро под снежна прекривка осум, а Марибор девет пати, па статистичката можност дека овој Божик ќе може да прават снешковци е помала од 24 отсто, пренесуваат во понеделникот словенечките медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.