Кој прв до Матиќ, Челзи или Баерн (М)

Лондонскиот пртемиерлигаш Челзи, доби сериозна конкуренција во актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на португалскиот прволигаш Бенфика, Немања Матиќ.

Голема е веројатноста дека младиот играч за врска ќе си замине од Португалија за време на зимскиот преоден рок, а најчест беше информацијата дека сака да направи кам-бек на “Стемфорд Бриџ”, од каде пред неколку години беше избркан со образложение дека не е доволно добар за да го носи дресот на лондонските „сини”.

Репрезентативецот на Србија е проценет на 40 мил. евра, но сопственикот на Челзи, Роман Абрамович и раководните лица на германскиот бундеслигаш се убедени дека се доволни околу 30 мил. евра за да се осигураат услугите на фудбалерот на Бенфика.