Која е тајната за револуционерните техники за продажба?

Некои луѓе, најчесто тие што седат до нас, или што ги среќаваме на влез на работа, изгледаат како да се најдобри во тоа што го прават. Нивниот чекор, блага насмевка покажува дека трчаат низ животот постигнувајќи го сето тоа што ќе си го постават како цел.

Не секој од нас може да биде оваа личност. Некогаш и кога ќе ги видиме, самата нивна ведрина нѐ оневозможува, не поради тоа што се поуспешни туку затоа што ние сме послаби од нив. Сакаме тие да ни се идеал, да ни се водилка во работата.  Сепак после некое време, при некоја грешка, или лош збор, целта ни бега од рацете. Ова се случува поради неколку причини:

Ниска самодоверба

Кога вербата во себе е намалена тогаш и храброста да го направиме вистинскиот чекор. Без разлика дали сакаме да постигнеме поголема продажба или мислиме дека е време да ја смениме нашата работа. Губејќи ја самодовербата ние го зголемуваме стресот за секој чекор што го правиме на работа. Најиронично од сѐ, самодовербата и стресот се надополнуваат за да прераснат во депресија која потоа може да е причина да изгубиме сѐ во животот, како работата, така и домот и саканите. Секој што ќе почувствува како му паѓа самодовербата нека ја подигне својата глава и нека направи нешто, без разлика дали тоа би било грешка или не, па после со тој став нека даде уште еден чекор за да ја покори поставената цел. Само со ваков начин на работа, без откажување, може да го постигнете тоа што го барате.

Искреност

Една од клучните работи за тоа што не ја постигнуваме целта е тоа што не сме искрени сами со себе. Многу често си кажуваме дека тоа што сме направиле е добро, а не мора да значи. Признавајќи си ги грешките, најчесто пред претпоставените и колегите си дозволувате на себе да помислите дека сте човек и дека успехот не зависи само од вас. Истото важи и за некои задачи кои се одлично завршени, а истите не ги признавате. Совршениот баланс лежи во тоа да не ги гледате, и да не мислите што би направиле тие околу вас, туку што е тоа што вие знаете дека е вистинското.

 Локација, локација, локација

Бизнис културата во Западниот свет е дека вистинската локација е најважното нешто на кое треба да му се посвети најмногу внимание. Истото важи и за нас, за вработените и претприемачите. Треба да се најдеш во местото каде работиш и да откриеш дали баш оваа работа е вистинската локација. Не може да се присилиш кон тоа да си совршен за работната позиција или работата да е создадена за тебе. Некогаш и работата од соништата не е тоа што човек си замислува. Најди го своето место и охрабри се да го напуштиш местото кое не е за тебе. Кога ќе видиш дека не си среќен и ефикасен само прашај се дали би отворил продавница во Сахара.

Овие совети се само една капка во езерото на знаење кое го нуди Асоцијацијата на менаџери на Македонија. Тие го организираат ексклузивниот тренинг за бихејвиористички техники на продажба со  проф. д-р. Сем Вакнин. Тој во Скопје на 24-ти ноември 2018 година ќе има 6 часовен тренинг кој ќе им помогне на сите да постигнат „Експлодирање во продажбата“. Ова е единствената обука од овој вид во светот која ексклузивно ќе се случи во Скопје. Сите кои се заинтересирани да ги трансформираат техниките на продажба и односите со клиенти може да ја контактираат асоцијацијата на info@amm.com.mk или да ја посетат нивната Фејсбук фан страна на: http://bit.ly/2NMIkFa.

Проф. д-р. Сем Вакнин е професор по психологија на Федералниот Јужен Универзитет во Ростов на Дон во Русија и професор по финансии и психологија во SIAS-CIAPS (Центар за меѓународни напредни и професионални студии). Како автор на книгите „Малигно самољубие: Навраќање на нарцисизмот“ и „По дождот – Како Западот го изгуби Истокот“ тој го придобива вниманието на цел свет и затоа за неговата работа има 7 меѓународни документарни филмови. Со над 20 милиони прегледи на YouTube и цитати во најпрестижните академски списанија како Psychology Today тој има остварено многу во сферата на психологијата и психијатријата. Затоа има интервјуа за CNN, New–York Times, Forbes, Financial Times, Prague Post, Sunday Times и други. Повеќе за него може да се најде и на http://www.narcissistic-abuse.com/mediakit.html