Којиќ потпишал предбрачен договор

Предбрачен договор потпишал Игор Којиќ пред да стапи во брак со Северина. Тој законски се обврзал дека нема да бара никаква материјална корист од познатата пејачка во случај на развод.

Српски „Курир“ пишува дека балканската поп дива, која во петокот го кажа судбоносното „Да“ побарала од својот сопруг да потпише предбрачен договор.

Со ова, таа сакала да осигура дека тој во случај на развод нема да бара никаква имотна корист од неа, ниту дека во текот на бракот тој на било кој начин ќе може да влијае врз нејзината кариера.

-Договорот беше составен од страна на адвокатот на Северина, а Игор без никакво противење го потпиша. Во документот стои дека, без разлика на тоа што се во брак, само таа ќе одлучува за нештата поврзани со нејзината кариера, но и дека во случај на развод Игрон нема право да бара никаква имотна или материјална корист. Пејачката го направила ова за да се заштити од евентуалното провлекување низ судници доколку дојде до распад на бракот, открива извор близок до двојката.

Српски „Курир“ повикувајќи се на сопствени информации пишува дека договорот е заверен во судот во Загреб и дека веќе е валиден, а дека идентичен таков ќе потпишат и во Белград пред склопувањето граѓански брак.

Инаку, Северина во петокот на Истра го кажа судбоносното „Да“. Повеќе за ова на следниот линк.

severina-se-omazi

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.