Којзеклиска: Владата на СДСМ не е ниту народна, ниту реформска, туку лицемерна и тајкунско-милионерска

Зоран Заев и неговите соработници години наназад го лажеа и манипулираа народот за наводно постоење на режим и диктатура, а само по триесет дена се покажа дека сите тие додека говореа едно во јавноста, зад камерите безмилосно товареле огромни богатства на сопствените сметки и на сметките на нивните најблиски, изјави во средата на прес-конференција Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека според во јавноста објавените анкетни листови целата Влада „тежи“ повеќе од 40 милиони евра и, како што додаде Којеклиска, доколку е пријавено навистина сѐ што поседуваат новите министри.

„Само во недвижен имот, Заев и богаташите околу него во Владата, поседуваат преку 50 станови, куќи, викендици, луксузни хациенди во Македонија и надвор од неа“, констатирапе претствничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Потсети дека станува збор само за ткн „прв ешалон“ на власта, односно најблиските соработници околу Заев во Владата. Пресмета притоа дека во квадрати поседуваат преку 8.000 метри квадратни станбен простор или дека „милионерската влада“ на Заев има во своја сопственост една зграда од 15 ката.

Се осврна и на приватниот возен парк на членовите на владиниот кабинет, кој според поединечните анкетни листови има вредност од над 700.000 евра. Станува збор за вкупно 35 луксузни автомобили составен од Масерати, Порше, Мерцедеси, Аудиа….

„Накитот, брендираните часовници и уметничките слики кои ги пријавиле богатите министри на Заев вредат над 300.000 евра. Се разбира дека и тука постои сомнеж дали навистина пријавиле се што поседуваат“, додаде Којзаклиска и оцени дека тоа е вистинската слика за луѓето кои години наназад го убедуваа народот дека живеат во режим.

„Ова е лицемерието кое сега го гледа целокупната јавност. Сега им е јасно на сите зошто министрите на СДС го криеја и одолговлекуваа со пријавувањето на имотот“, заклучи Којзаклиска.

Порача дека Заев и неговите министри им должат одговори на граѓаните кои работат за плата, како фирмите на Заеви свртеле над 200 милиони, а семејството на Заеви стекнале имот од близу 6 до 7 милиони евра?

„Додека граѓаните возат половни автомобили, како успеал во режим газда Кочо да вози луксузни возила како Масерати и Порше и да ужива во имот од над 28 милиони евра. Додека граѓаните имаат по еден или два стана или живеат под кирија, како Шекеринска купила 4 стана, кои си ги издава самата на себеси за стотици илјади евра кирии?“, спореди.

Којзаклиска запраша и како министрите Роберт Поповски направил околу 300.000 евра имот, има три стана и една куќа, Зоран Шапуриќ создадал имот од над 350.000 евра, а Самка Ибраимоски и Зорица Апостоловска стекнале над милион евра во време на владеење на режим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.