Кокаин запленет на Салвадор

Во рамки на акција на американските служби осум тони кокаин запленет на Салвадор, поточно во близина на брегот. Вредноста на дрогата се проценува на над десетина милиони долари.

Во акцијата учествувале и припадници на американската морнарица, крајбрежната стража и гранична служба.

При акцијата за заплена на кокаинот се уапсени четири лица. Дрогата била спакувана во 274 пакетчиња.

Бродот во меѓународните води во близина на Салвадор бил следен од американско летало, а потоа бил пресретнат од крајбрежната стража.

Ова не е прв случај на кокаин запленет на Салвадор, земја која меѓу другото важи за едно од најчестите прибежишта за пристугнување на дрогата наменета за потрошувачите на американскиот нарко пазар.

 

Уште еден интересен случај на заплена на кокаин сокриен во ананас.